ВИДЕО | Во ова племе живеат 3.000 жени и само седум мажи: Им служат само за размножување, не ги оставаат на мир

Илустрација / Фото: Wikimedia Commons

Во примитивно племе во амазонската прашума владее матријархатот, во кое живеат 3000 жени и само седум мажи. Иако некои би помислиле дека овие мажи живеат во рајот, нивната реалност повеќе личи на пекол на земјата…

Жените доминираат во ова племе и имаат контрола над сите аспекти од живеењето, вклучително и над мажите. Во споменатото племе концептот на брак не постои, тие си ги менуваат мажите меѓу себе за „сите да дојдат на ред“.

Овие седум херои што останале во племето вклучуваат еден старец и едно 13-годишно момче, а останатите се деца.

Бидејќи размножувањето им е отежнато од горенаведените причини, жените стануваат сè понемилосрдни.

 

@jimlowery4203000 Women and a population of 7 men. What would you do?♬ original sound – Jim Lowery420


Тие особено ги ценат мажите со голем задник и стомак, бидејќи веруваат дека таквите „примероци“ имаат подобри гени и можат поефикасно да се размножуваат. Единствената задача на мажите во племето е да прават деца, не смеат да прават ништо друго. Жените ги третираат како деца и се многу разгалени, а децата во тоа племе им припаѓаат на жените.

Токму поради многу честите интимни барања, мажите од ова племе не живеат долго. Многу брзо слабеат, а често се плашат и од жените, па поради својата безбедноста, живеат и спијат на дрвја.

Жените, пак, ги хранат со бели црви за да останат активни, а како симбол на љубов и изразување на сопственост, на мажот му врзуваат ленти околу рацете. Тоа значи дека за тој ден поседуваат одреден маж од племето.

За ова племе веќе се пишуваше порано, но сега повторно стана актуелно благодарение на видеата на Тик-ток, па сè повеќе луѓе го откриваат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот