ВИДЕО | Венецуела продолжи да блеска на Копа Америка, четвртфинале обезбеди и Еквадор

Фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Фудбалерите на Венецуела славеа уште една победа на Копа Америка и тоа против Јамајка со 0:3, со што го потврдија првото место во групата Б. Венецуелците со максимални девет бода продолжуваат во следната фаза, додека како второпласиран продолжува Еквадор.

Првото полувреме на „К2 Стадионот“ во Остион не донесе погодоци. Во второто набрзина во 49. и 56. минута постигнаа два гола преку Бело и Донрон, додека победата ја потврди Рамирез во 85. минута.

Ремито од 0:0 на Еквадор против Мексико му беше доволно за да го освои второто место и да и се придружи на Венецуела. Мексико доколку славеше победа ќе избореше место во нокаут-фазата, но сепак Мексиканците не успеаја да дојдат до трите бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот