ВИДЕО | „Вечно дете во срцето“: Северина скокаше преку оган и храбро се фрли во море целосно облечена

Фото: Скриншот/Инстаграм

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (52) ги користи летните денови за да ужива покрај море со пријателите и нејзиниот син Александар.

Музичката ѕвезда, која е една од највлијателните имиња на регионалната сцена, сподели видео со кое покажа како се забавувала – скокала преку оган, а потоа ги инспирирала и другите да ја пробаат оваа забавна активност.

„И низ оган и во вода…“, напиша таа во описот на видеото.

Потоа пејачката храбро скокала од бротче во вода, целосно облечена. Се обидела да направи и салто при вториот скок, а пријателите ја бодреле.

Нејзините следбеници во коментарите ѝ порачаа дека е „како мало девојче“.

„Најубаво е кога човек си го негува внатрешното дете“, „Вечно дете во срцето“, „Жена што ги запре дваесеттите“, ѝ напишаа дел од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот