ВИДЕО | Вардар победи во Кавадарци, натпреварот заврши со инцидент – удрен беше помошникот судија!

Екипата на Вардар во денешниот натпревар славеше победа во Кавадарци против Тиквеш со 0:1.

Вардар до победата дојде со голот на Закариќ кој на 20-тина минути пред крајот со фантастичен удар го совлада Ристе Јанков кој остана немоќен да интервенира.

Го задржа водството Вардар до самиот финиш од натпреварот кога видовме и еден инцидент. Помошник сигнализираше да се поништи гол на домаќините, тоа ги налути домашните навивачи.

Следуваа жестоки протести, додека некој од навивачите со тврд предмет го погоди помошникот судија. По инцидентот главниот судија Александар Ставрев процени дека нема услови мечот да продолжи и досуди крај на средбата.

Во останатите натпревари, Работнички и Брера ремизираа во Скопје на Арената „Тодор Проески“ 1:1, Шкендија ја декласираше Воска со 5:1, Струга дома загуби од Шкупи со 0:3, Пелистер на гости се радувшае против Беса, додека Гостивар со 1:2 го совлада Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот