ВИДЕО | Ужасното невреме предизвика огромна штета низ Србија

Поплави низ Србија / Фото Инстаграм

Невремето кое синоќа ја зафати Србија предизвика голема штета, а на социјалните мрежи се шират видеа од поплавите низ државата.

Од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) уште рано утринава издадоа предупредување за Војводина и Западна Србија дека невремето ќе продолжи и денес.

– Нова облачност со дожд, врнежи и грмежи, локална појава на град и пад на температурата, која рано изутрина ги зафати Војводина и Западна Србија, претпладне ќе се прошири во југозападните и централните предели, а во средината на ден и во попладневните часови кон другите делови од нашата држава – објави РХМЗ.

Граѓаните на Србија на социјалните мрежи споделија ужасни снимки од невремето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот