ВИДЕО| Уништено беспилотно летало, целта била гасната инфраструктура на Израел

рушење на дрон принтскрин икс

Итај Блументал, воен дописник на израелскиот Канал 11, објави на социјалните мрежи дека беспилотното летало кое претходно го пресретнала израелската војска ја гаѓало инфраструктурата на гасното поле Кариш.

Израелската војска објави и видео за кое вели дека го прикажува пресретнувањето.

Гасното поле Кариш му припаѓа на Израел како дел од договорот постигнат со Либан за спорните води во 2022 година.

Сè почестите напади на Израел врз либанската милитантна група Хезболах и Хутите во Јемен доведоа до стравувања дека конфликтот на Блискиот Исток може да излезе од контрола и да ги вклучи Иран и САД, главниот сојузник на Тел Авив.

Вчера Израел изврши воздушни напади против Хутите во Јемен и неколку десетици цели на Хезболах низ Либан, откако претходно беше убиен лидерот на групата Хасан Насрала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот