ВИДЕО | Уметнички експонат заврши во ѓубре: Механичарот во музејот мислел дека е отпад и го фрлил

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Механичар на лифт кој работи во Музејот на модерна уметност – ЛАМ во холандскиот град Лисе, случајно фрлил уметнички експонат мислејќи дека е ѓубре.

Уметничкото дело со наслов „Сите добри времиња што ги поминавме заедно“ на францускиот уметник Александар Лаве се состои од две навидум користени лименки пиво, но кога ќе погледнете повнимателно, ќе видите дека вдлабнатите и празни лименки се внимателно насликани рачно, исвестува „НЛ Тајмс“.

Музејот објави дека делото од 1988 година е извадено од ѓубрето и не е оштетено.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„За уметникот Александар Лаве, лименките ги симболизираат неговите драгоцени моменти со пријателите. Вечерите поминати заедно со пиење можеби не изгледаат посебни, но на крајот тие се вредни моменти кога луѓето се поврзуваат едни со други“, се вели во соопштението на музејот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Музејот ЛАМ ги изложил конзервите во стакленото окно на лифтот како да биле оставени за време на изградба, а механичарот помислил дека тоа е вистински отпад и ги фрлил во корпата за отпадоци.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Меѓутоа, кустосот во музејот забележала дека експонатот недостасува и започнала потрага. Лименките биле пронајдени во вреќа за ѓубре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот