ВИДЕО | Ултраортодоксните Евреи во Израел излегоа на протест против регрутирањето

Ултраортодоксните Евреи во Израел излегоа на протест против регрутирањето / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Илјадници ултраортодоксни Евреи во Израел синоќа протестираа против регрутирањето, јави ДПА.

Протестите беа поттикнати од неодамнешната наредба на Врховниот суд да започне регрутирање на ултраортодоксните мажи.

Локалните медиуми јавија за насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата во Ерусалим. Полицијата на коњи и водени топови беа употребени за растерување на демонстрантите во црни одела. Демонстрантите гаѓаа со камења и нападнаа полицајци, што резултираше со апсење на пет лица.

Во Израел со децении постојат ослободувања од задолжителен воен рок за ултраортодоксните мажи. Сепак, тие исклучоци истекоа пред три месеци.

Како резултат на тоа, највисокиот суд нареди суспензија на државните субвенции за ултраортодоксните мажи полнолетни кои учат во верските училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот