ВИДЕО: Турција славеше во Лајпциг, познати сите четвртфинални двојки на Европското првенство

фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Се одигра и последниот натпревар од осминафиналната фаза на Европското првенство во кој фудбалската репрезентација на Турција триумфираше над Австрија со резултат 2:1.

На стадионот во Лајпциг најдобрите турски играчи по само 57 секунди успеаја да дојдат во водство преку Мерих Демирал. Тоа е вториот најбрз гол во историјата на европските првенства.

Истиот играч ја зголеми позитивата во 59 минута по асистенцијата на Арда Ѓулер.

До крајот на мечот Австријците успеаја само да го ублажат поразот во 66 минута со погодокот на Михаел Грегорич, а асистент беше Штефан Пош.

Во четвртфиналето Турците ќе играат против Холандија која претходно убедливо со 3:0 ја совлада Романија.

Еуро 2024

Четвртфинале, двојки

5 јули Шпанија – Германија (Штутгарт)
5 јули Португалија – Франција (Хамбург)

6 јули Холандија – Турција (Берлин)
6 јули Англија – Швајцарија (Диселдорф)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот