ВИДЕО: Турција го постигна вториот најбрз гол во историјата на европските првенства

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Во текот на последното осминафинале на Европското првенство во Германија, фудбалската репрезентација на Турција поведе после само 57 секунди од натпреварот против Австрија.

Предноста за турската селекција на стадионот во Лајпциг ја донесе Мерих Демирал.

Тоа е инаку вториот најбрз гол во историјата на европските првенства, а најбрзиот во историјата во рамките од нокаут-фазата на континенталните шампионати.

Потсетување дека најбрзиот гол во историјата на европските првенства го видовме токму на актуелното ЕП во рамките од првото коло кога Албанија преку Недим Бајрами успеа да реализира после само 23 секунди против Италија.

Голот на Демирал против Австрија можете да го погледнете во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот