ВИДЕО | Три состојки и многу кратка подготовка: Најлесниот новогодишен колач

Фото: Скриншот/Јутјуб

Нова година е на прагот, што значи дека сигурно ви е подготвен списокот на јадења со кои ќе ги изненадите и израдувате роднините, пријателите, колегите и познајниците. За некои кои немаат многу време за подготвување на празничната трпеза, ви нудиме рецепт за новогодишни колачиња.

Состојки:

– 800 мл кондензирано млеко

– 180 мл сок од лимон

– 250 грама колачи со цимет

– 1-2 лажички цимет

Подготовка:

Изматете го кондензираното млеко со сокот од лимон и додадете го циметот. Изладете 5 минути, а во калап со димензии 30×15 см, кој сте го обложиле со проѕирна фолија наредете ги бисквитите, па филот и така додека не потрошите сѐ. Последниот ред треба да биде фил. Покријте и оставете да се излади 3-4 часа. Украсете со мелени бисквити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот