ВИДЕО | Тренчевска: Единствена држава сме во регионот во која ниту едно дете повеќе не е сместено во државна институција

Јована Тренчевска/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за „Слободен печат“ истакна дека социјалната реформа во делот на деинституционализација дала одлични резултати во поглед на инклузијата на децата и лицата со попреченост.

„Во делот на социјалната реформа од 2019 година со новиот Закон за социјална заштита и Националната стратегија за деинституционализација започна процесот за деинституционализација и досега имаме имаме 57 мали групни домови каде се одвива живеењето со поддршка. Во ваквите домови владее семејна атмосфера и воедно е достапна дваесетичетири часовна грижа. Со гордост можам да истакнам дека ние сме единствената држава каде ниту едно дете до 18 годишна возраст не е сместено во големите и гломазни институции“ рече таа.

Тренчевска истакна дека огромен успех и тоа што веќе нема специјални училишта, туку тие сега се ресурсни центри, а сега децата со попреченост се вклучени во редовното образование и при тоа можат да сметаат на помошта на околу 750 образовни асистенти, а преку личната асистенција за лицата со попреченост тие добиваат дополнителна поддршка од државата, како и тоа дека ќе следат нови мерки преку Националната стратегија за лица со попреченост 2023 – 2030 година.

Целото интервју со заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот