ВИДЕО | Трамп продава часовници со неговото име – цените достигнуваат 100.000 долари

Часовник Трамп/Фото: Скриншот

Поранешниот американски претседател и актуелен кандидат Доналд Трамп лансираше часовници што го носат неговото име, во нова серија деловни потези, додека ja води кампања за претседател на САД.

„Ќе ги сакаш. Тоа би било одличен божиќен подарок“, рече Трамп во објавата на Truth Social. Некои од најскапите часовници вклучени во колекцијата чинат и до 100.000 долари.

Поевтин вид на часовник кој се наоѓа на официјалната страница е оној со име „Fight Fight Fight“, што всушност е повикот што Трамп го извикуваше додека ја напушташе бината во јули по обидот за атентат врз него, и неговата цена се движи од 499 до 799 долари.

– „Трамп“ часовниците не се дизајнирани, произведени, дистрибуирани или продавани од Доналд Џ. Трамп, Организацијата „Трамп“ или некој од нивните соодветни соработници или директори“, се наведува на страницата, појаснувајќи дека часовниците немаат врска со политиката и со кој било кандидат од политичката кампања.

На прашањето дали тие се „службените часовници на претседателот Трамп“, одговорот е дека тие се единствените официјални часовници понудени од претседателот Трамп кои вклучуваат реплика на неговиот познат потпис.

Часовниците се најновиот потег во серијата производи што Трамп ги промовираше во последниве години под лиценца за користење на неговото име и сличност, вклучително и линија на патики и NFT картички, додека членовите на семејството Трамп лансираа и платформа за криптовалути, пренесува NBCNews.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот