ВИДЕО: Тотенхем убедливо го совлада Манчестер јунајтед на Олд Трафорд

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалерите на Тотенхем денеска победија на гостински терен кај Манчестер јунајтед со 3:0, во шестото коло од Премиер лигата.

Првиот гол за Тотенхем го постигна Бренан Џонсон во третата минута. Предноста на Тотенхем ја зголеми Дејан Кулушевски со гол во 47 минута, а конечниот резултат го постави Доминик Соланке со гол во 78 минута.

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш доби директен црвен картон во 42 минута поради опасниот старт врз Џејмс Медисон.

По втората последователна победа, Тотенхем е осми на табелата со 10 бодови, додека Манчестер јунајтед е на 12 место со седум бодови.

Двата тима во следното коло ќе играат на гостински терен, Тотенхем против Брајтон, а Манчестер Јунајтед против Астон Вила.

Пред следното коло од Премиер лигата, двата тима ќе играат гостувања во Лига Европа, Тотенхем против Ференцварош, а Манчестер јунајтед против Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот