ВИДЕО | „Топења на срцата“: Малечката внука на Бранко Ѓорчев запеа со Дац и Александар

Фото: „Дасо“

Актерот Драган Спасов – Дац и пејачот Александар Митевски се музичко дуо кое ѝ е едно од омилените на македонската публика. Нивните настапи ширум Македонија се едни од најпосетените, а за нивните концерти секогаш се бара по некоја карта плус.

Минатата година, на 8 Март тие направија концерт во Драмскиот театар во Скопје и на своите обожаватели им приредија едно убаво љубовно патување низ времето на своите обожаватели.

Специјално изненадување на концертот беше малата Матеа Митровска, внука на покојниот актер Бранко Ѓорчев, која тогаш имаше само три години и одлично го испеа рефренот на „Уште ми фалиш“.

Сега Дац и Александар направија едно присетување на овој симпатичен момент и објавија видео од преслатката изведба на малечката Матеа.

„Топење на срцата. Браво за нашиот најмал фан“, напишаа тие во описот на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот