ВИДЕО | Том Круз го украде шоуто на затворањето на Олимписките игри: Се спушти со јаже на стадионот

Фото: Utrecht Robin/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Том Круз го украде шоуто на официјалната церемонија на затворањето на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

62-годишниот актер се спушти со јаже на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, што ја доведе публиката во транс. Потоа го зел знамето и со мотор се „упатил“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион и да позира покрај знакот на Холивуд во однапред снимена секвенца.

Социјалната платформа Икс е полна со коментари за Круз. Многумина пишуваат дека „сега е јасно зошто Том Круз е еден од најдобрите актери досега“.

„Не можам ни да замислам колку Круз плаќа за животно осигурување“, се пошегуваа некои.

„Само ќе кажам дека Том Круз има 62 години. И тоа е тоа“, напишале други.

Фото: Cao Can / Xinhua News / Profimedia

Олимписките игри во Париз официјално се затворени. Традиционалната церемонија на затворањето се одржа на францускиот национален стадион. На церемонијата беа вклучени повеќе од 100 танчери, циркуски уметници и други изведувачи.

Уметничкиот директор Томас Џоли откри дека церемонијата на затворање била замислена како „комбинација на чудо и дистопија“, а како дел од церемонијата, „Златниот патник“ се спуштил на стадионот и ги водел гледачите низ историјата на Олимписките игри, додека акробатите ги подигнале познатите пет прстени на Игрите.

Свеченото затворање го одбележаа настапите на француските бендови, како и претходно подготвените снимки од настапите на американските ѕвезди кои најавија одржување на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот