ВИДЕО | Tинејџерите на Арсенал испишаа историја против Болтон

Фото: Arsenal

Арсенал вчера славеше победа од 5:1 во натпреварот против третолигашот Болтон, а во овој натпревар историја испиша младиот 16-годишен голман на „топџиите“ Џек Портер.

За Портер натпреварот против Болтон беше прв во дресот на Арсенал, но со него стана најмладиот играч кој некогаш стартувал за Арсенал.

Портер на голот на Арсенал застана со 16 години и 72 дена и така го собори рекордот на Сеск Фабрегас кој претходно стартуваше за Арсенал на 16 години и 177 дена во натпреварот од Лига купот против Ротердам во октомври 2003 година.

Вчера Портер доби шанса на местото на Давид Раја кој овој натпревар го пропушти поради повреда на бутниот мускул.

Историски момент во вчерашниот натпревар имаше и Итан Нванвери кој исто така играше од првата минута. Нванвери со 17 години стана најмладиот стрелец на два гола на своето деби во 21 век за Арсенал.

Исто така тој е четвртиот најмлад фудбалер кој постигнал два гола, пред него се Фабрегас, Вилшер и Артуро Луполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот