ВИДЕО: Ти Џеј Шортс против екс селекторот Џикиќ за пехарот во ФИБА Лигата на шампионите

фото: kfsm.mk

Телеком Бон и Хапоел Ерусалим ќе играат во големото финале на најсилното европско клупско натпреварување во Малага. Македонија ќе има свој претставник во последниот натпревар кој ќе го одреди и новиот првак во ФИБА Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со неговиот клуб Телеком Бон со победата во полуфиналето на „Фајнал-фор“ турнирот кој почна во шпанската Малага. Телеком Бон беше подобар од домаќинот на овој турнир, екипата на Уникаха, во полуфиналниот меч со конечен резултат 69:67.

Ти Џеј Шортс беше најефикасен и нај играч на тимот од Бон, и на натпреварот, за малку ќе се претвореше во трагичар. На 10,6 секунди пред крајот на полуфиналето, Шортс ги промаши двете слободни фрлања за потврда на победата. Топката се одби до Кендрик Пери, кој го поведе составот на Уникаха кон победа. Но, шутот на екс кошаркарот на скопски Карпош Соколи заврши на обрачот, па триумфот остана за германскиот тим.

Шортс имаше 21 поен (1/4 за три, 4/9 за два и 10/13 за еден поен), запиша и седум асистенции, еден скок, три загубени и две освоени топки за 28:27 минути на паркетот. Во битката за шампионскиот пехар во ова најквалитетно натпреварување во организација на ФИБА, македонскиот репрезентативец ќе игра против израелскиот претставник Хапоел Ерусалим, кој со голем успех оваа сезона го предводи нашиот поранешен селектор Александар Џикиќ.

Хапоел, помалку изненадувачки, беше подобар во дуелот со уште една шпанска екипа, Тенерифе, во драматичен финиш составот на Џикиќ беше за поен подобар (69:68), и го симна од шампионскиот трон тимот од Канарските Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот