ВИДЕО: Ти Џеј Шортс го водеше Телеком Бон до титулата во ФИБА Лигата на шампионите

фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше одлична сезона во ФИБА Лигата на шампионите, со Телеком Баскетс Бон успеа да ја освои титулата и воедно е прогласен за најкорисен играч (МВП) во клупското натпреварување.

Во финалето составот на Телеком Бон на завршниот турнир во Малага го совлада Хапоел Ерусалим со 77:70.

За германската екипа блескаше нашиот плејмејкер кој беше прв стрелец на натпреварот со 29 поени, еден скок и три асистенции за скоро 28 минути игра на паркетот.

Кај Израелците, предводени од екс македонскиот селектор Александар Џикиќ, Американецот Леви Рендолф се истакна со 27 поени, шест скока и две асистенции.

Во мечот за третото место, во шпанскиот дуел Тенерифе со 84:79 триумфираше над Уникаха.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот