ВИДЕО | Тежи 272 килограми: Во Канада откриен огромен череп од диносаурус стар 72 милиони години

Фото: Принтскрин / Јутуб

Палеонтолозите откопаа череп од пахириносаурус / pachyrhinosaurus тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранд Прери во Алберта, Канада.

Овој огромен тревојад се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години. Черепот, кој експертите го нарекоа „Биг Сем“, е најголемиот череп пронајден во Пајпстоун Крик, пренесува Би-би-си.

Фото: Принтскрин / Јутуб

Палеонтологот Емили Бамфорт од Музејот на диносаурусите „Филип Џ. Кари“ изјави дека покрај коските на возрасните, на местото има и стотици остатоци од помлади.

Реконструкција / Фото; Wikimedia commons / Nobu Tamura

Tаа додаде дека примерокот на „Биг Сем“ е многу добро зачуван бидејќи бил пронајден наопаку, што укажува дека диносаурусот лежел на грб кога умрел.

Черепот на возрасниот пахириносаурус е вториот диносаурус-тревојад што е откопан од густото коскено корито кое се наоѓа на 450 километри северозападно од градот Едмонтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот