ВИДЕО | Тестенини карбонара по рецепт на Гордон Ремзи, готови за само 10 минути!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи секогаш нѐ воодушевува со своите вештини во кујната, а особено сега со својот совршен рецепт за кремаста карбонара, кој може да се приготви за 10 минути.

Состојки:

– сланина или панцета, исечкана на коцки
– шпагети
– 2 жолчки
– 2 печурки
– 2 чешниња лук
– 1 лута пиперка
– малку смрзнат грашок
– 180 грама кисела павлака
– пармезан
– сол, бибер и масло за јадење
– магдонос

Подготовка:

1. Ставете ги шпагетите да се сварат во зовриена вода.

2. Загрејте малку маслиново масло во тавче и ставете ја исечканата сланина да се пржи, а потоа додајте бибер.

3. Исечкајте го лукот на тенки ленти и додајте го во сланината, а потоа и печурките исечкани на ленти, ситно исечкана лута пиперка и малку грашок.

4. Во друг сад, издвојте ги жолчките од белките и во нив додајте го изренданиот пармезан и павлаката. Сето тоа соединете го и додајте малку вода, па повторно промешајте.

5. Во тавата со сланина додајте околу 10 лажици од водата во која се вареле шпагетите.

6. Кога шпагетите ќе се сварат, процедете ги и додајте ги во тавата со состојките.

7. Додајте ја смесата со жолчките и магдоносот, па повторно промешајте.

8. Кратко гответе и шпагетите се готови!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот