ВИДЕО | Свлечиште уби најмалку 15 луѓе во Индонезија, копале злато во нелегален рудник

Најмалку 15 луѓе загинаа во нелегален рудник за злато во индонезиската провинција Западна Суматра по лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови, изјави денеска директорот на Службата за вонредни состојби во покраината, Ирван Ефенди.

Спасувачите се обидуваат да пронајдат десетици луѓе кои се водат за исчезнати, пренесува Ројтерс.

„Жртвите се локални жители кои рачно копаат злато“, изјави индонезиски функционер, додавајќи дека во моментот на уривањето во рудникот имало 25 луѓе, од кои 15 загинале, додека тројца се повредени, а неколку десетици се уште се водат како исчезнати.

Нелегален рудник за злато во областа Солок се урна по лизгање на земјиштето вчера вечерта по обилните врнежи, рече Ефенди, додавајќи дека на спасувачите им биле потребни осум часа да стигнат до местото на несреќата, до кое не може да се стигне по пат.

Полицијата и армијата рано утринава ја започнале потрагата по исчезнатите и евакуацијата на загинатите.

Несреќите во малите и диви рудници во Индонезија се чести, потсетува британската агенција, наведувајќи дека минералните суровини најмногу се наоѓаат во оддалечените области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот