ВИДЕО | Стомачни мускули од кои жените „полудеа“: Бекам се соблече и покажа како го почнува денот

Фото: Принтксрин / Инстаграм

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам сè уште е еден од омилените мажи на жените ширум светот, а неговиот изглед не престанува да воодушевува.

На Инстаграм честопати може да видиме фотографии и видеа во кои Бекам ги истакнува своите мускули и одличната кондиција. Така и сега, тој сподели видео во кое покажа како го започнува денот, и за само неколку минути ги фрли во „транс“ своите обожавателки.

Имено, Бекам на почетокот на видеото ја соблекува маицата во својата теретана и почнува да вежба, додека во преден план се неговите соврешни стомачни мускули.

„Нема подобар начин да се започне денот“, напиша поранешниот фудбалер во описот на видеото.

Коментарите кои најчесто беа од воодушевени жени набрзо го преполнија неговиот профил.

„Јас би ти била клупа за вежбање“; „Благослови го тој што снимаше“; „Ова ми го разубави денот“; „Браво, Дејвид“; Може ли да го вклучиш светлото за да можам да проверам како напредуваат стомачните?“, беа само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот