ВИДЕО | Србите Савиќ и Митровиќ го разочараа Роналдо во Суперкупот на Саудиска Арабија

Фото: Al Hilal FC

Ал Наср и Кристијано Роналдо останаа без трофеј во Суперкупот на Саудиска Арабија откако во финалето беа поразени од Ал Хилал со убедливи 1:4.

Токму преку Роналдо, Ал Наср прв стигна до предност во финишот на првиот и на паузата имаа водство. Сепак, во вториот дел многу брзо примија четири погодоци и дозволија да го загубат натпреварот.

Ал Хилал сите четири погодоци ги постигна во период од 18 минути, од 55. до 72. минута. Милинковиќ Савиќ го изедначи резултатот, потоа Митровиќ двапати се запиша во листата на стрелци, додека за поубедлив триумф се погрижи Малком.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот