ВИДЕО | „Солзите сами течат“: Среде борбата со тешката болест, Мајкл Џеј Фокс настапи со „Колдплеј“ на Гластонбери

Канадскиот актер Мајкл Џеј Фокс (63) беше специјален гостин на концертот на „Колдплеј“, во рамки на музичкиот фестивал Гластонбери. Неговото појавување на сцената расплака иладници во публиката, но и пред малите екрани, кои го следеа пренесот на „Би-би-си“.

Да потсетиме, актерот се соочува со Паркинсонова болест, но тоа не го спречи да се појави на сцената во инвалидска количка и да свири гитара за време на песните „Fix You“ и „Humankind“.

На актерот и страствен музичар, кој свиреше гитара во култниот филм „Враќање во иднината“ („Back to the Future“), за првпат му беше дијагностицирана Паркинсонова болест на 30-годишна возраст, поточно во 1991 година, а оваа вест ја сподели со јавноста во 1998 година. Две години подоцна, со сопругата Трејси Полан основаше фондација која собра две милијарди долари за истражување на оваа болест.

Инаку, „Колдплеј“ испишаа историја со својот настап на Гластонбери и станаа рекордери затоа што веќе шести пат, вклучувајќи го и оној кога дебитираа, настапуваат таму. Култниот бенд дебитираше на фестивалот во 1999 година, а своите ангажмани ги продолжи во 2002, 2005, 2011 и 2016 година. Поради ова, Крис Мартин, пејачот на бендот, му се заблагодари на актерот.

„Главната причина зошто сме во бендот е гледањето на ‘Враќање во иднината’ (‘Back to the Future’), па голема благодарност до нашиот херој и еден од најневеројатните луѓе во светот, г-дин Мајкл Џеј Фокс. Мајкл, ти благодарам многу“, рече Мартин.


Многубројните фанови не можеа да го сокријат задоволството на социјалните мрежи.

„Прекрасно е тоа што Крис Мартин го донесе Мајкл Џеј Фокс на сцената“, „Ова е најдоброто нешто што сум го видел годинава“, „Какво шоу… не беше во солзи“, „Воодушевен сум од несебичниот настап на ‘Колдплеј’ во Гластонбери, прослава и потсетник на надежта во светот. Доведувањето на Мајкл Џеј Фокс е навистина прекрасно“, напишаа корисниците на X.

Настапот го следеа повеќе од 100 илјади луѓе, а меѓу нив беа познатите актери Том КрузСајмон Пег и Џилијан Андерсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот