ВИДЕО | Со спектакуларно шоу затворени Летните олимписки игри во Париз

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Со свечена церемонија и голем музички концерт вечерва беше спуштена завесата на на Олимписките игри во Париз

Спортските фанови во изминатите 16 дена, плус два пред свеченото отворање можеа да уживаат во големи спортски настани во 32 спорта, 48 дисциплини во 329 натпреварувања.

Церемонијата започна со неколку француски шансони за потоа да биде интонирана и „Марсељазата“, а потоа на теренот излегоа спортите на сите држави. Ако на отворањето гледавме најава за секоја земја, туку внесувањето на знамињата одеше многу побрзо.

Исто така вечерва беа доделени и медалите на натпреварувачите кои настапија денеска. Кон крајот на церемонијата се појавија големите музички ѕвезди Ред Хот Чили Пеперс, Били Ајлиш и Снуп Дог.

Наредните Олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес кој ќе биде домаќин по трет пат во историјата. Претходно беше случај во 1932 и 1984 година.

Спортистите на САД освоија најмногу медали на Олимписките игри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот