ВИДЕО | Со победа против Ипсвич започна ерата на Арне Слот во Ливерпул

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Со победа против Ипсвич започна ерата на Арне Слот на клупата на Ливерпул во Премиер лигата. „Црвените“ во првиот натпревар од денешната програма во најсилната англиска лига славеше победа од 2:0.

Ипсвич добро се држеше, посебно во првото полувреме кога Ливерпул не успеваше посериозно да се закани.

Резултатот беше отворен по еден час игра кога Жота ја искористи асистенцијата на Мохамед Салах и ја смести топката во мрежата. Само пет минути подоцна и самиот Салах се запиша во листата на стрелци за 2:0.

До крајот на средбата видовме уште неколку прилики, меѓутоа резултатот не се промени и Ливерпул со три бода замина од гостувањето кај новиот премиерлигаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот