ВИДЕО | Снуп Дог добил вртоглава сума за појавувањето на Олимписките игри

Снуп Дог / Фото: STEPHANE DE SAKUTIN / AFP / Profimedia

Американската ѕвезда Снуп Дог добил неверојатна сума пари само за појавување на Олимпијадата.

Според странските медиуми, само за да се појави на ОИ добил 500.000 долари дневно.

Извршниот директор на „Ен-би-си“ (NBC) наводно ја открил тајната, и раскажал како познатиот рапер заработил околу 500.000 долари дневно само затоа што бил присутен на ОИ, и затоа што на тој начин ги промовира.

„Еден час покрај извршниот директор на „Ен-би-си“ на вечера беше доволен за да дознаам дека Снуп добива 500.000 долари дневно, плус неговите трошоци беа платени за да биде тука за промоција на Олимпијадата“, изјавил инвеститорот Хенри Мекнамара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот