ВИДЕО: Словаците беа на 60 секунди до сензација, Белингам и Кејн ја спасија Англија за четвртфинале на ЕП

фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Во Гелзенкирхен се одигра третиот дуел од осминафиналето на Европското фудбалско првенство, а се соочија Англија и Словачка. На крајот од регуларниот дел резултатот беше 1:1, а пласман во четврт-финалето обезбеди англиската репрезентација која победи по продолженијата со резултат 2:1.

Словаците одиграа храбро и отворено од стартот на мечот и веќе на стартот имаа шанса преку Хараслин и им покажаа на Англичаните дека нема да се бранат на овој меч.

Англија беше без знаење во првото полувреме, издвојуваме два обида на Кејн и Сака, но двата пати беше блокиран од одбраната на Словачка. Словаците одиграа одлично, а наградата дојде во 25 минута, Шранц постигна убав гол за водство на Словачка од 1:0.

Во 54. минута среќа за Англичаните. Недоразбирање на бековската линија, Стрелец дојде до топката и се обиде да го изненади Пикфорд, шутираше од центар, голманот на Англија излета, но за негова среќа топката мина покрај левата статива од неговиот гол.

После тоа Англичаните најмногу се обидуваа со долги топки до Кејн, но Словаците беа многу дисциплинирани во одбраната. Во 77 минута Кејн беше сам по центаршут, но со глава погоди покрај голот, тоа беше одлична шанса за Англичаните. Во 81 минута шутираше Рајс од работ на шеснаесетникот, топката ја погоди стативата од голот на Дубравка.

До крајот на натпреварот, Англија атакуваше со сили за израмнување и тоа даде резултат преку Белингам постигна одличен гол со „ножички“ во петтата минута од судиското надополнување за 1:1, по што мечот влезе во продолженија.

Само што почнаа продолженијата, Кејн во 91 минута постигна гол за пресврт на натпреварот и водство на Англија од 2:1, а тоа се покажа како конечен резултат на средбата. Англија во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Швајцарија, а овој дуел е закажан за 6 јули од 18.00 часот на стадионот во Диселдорф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот