ВИДЕО: Словачка и Романија одиграа колку што им требаше и одат во осминафиналето на ЕП

фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Како што и се шпекулираше во изминатиот период, тоа денеска и се оствари, односно фудбалските репрезентации на Словачка и Романија на Европското првенство одиграа нерешено (1:1), реми што оди во корист и на двете селекции за пласман во осминафиналето.

Во очите на европската куќа на фудбалот, поради сомневањата дека мечот може да се намести бидејќи бодот им одговараше на двете страни и имаше многу шпекулации за тоа, Словачка и Романија одиграа токму според стандардите на двете селекции.

Видовме како Романците, кои се побрза селекција, се обидуваат преку своите крила да создадат опасна ситуација пред голот на Мартин Дубравка, но тоа не помина баш најдобро, додека Словаците дефинитивно се една од најцврстите селекции на турнирот и уште еднаш го покажаа.

По 24 минути ги видовме првите возбудувања и брз гол. Јурај Куцка нафрли од десната страна, а Ондреј Дуда на феноменален начин скокна меѓу двајца романски играчи и го совлада Константин Ница. Прекрасна завршница на словачкиот играч за врска.

Немаше многу големи шанси по водството на Словачка, но Романците ја искористија главната предност – брзината и израмнија. Одличниот дриблинг на Јанис Хаџи го остави зад себе Дејвид Хенк, кој го сопна доволно долго за овој да изнуди пенал, кој Разван Марин со перфектен удар го претвори во израмнување.

Во продолжението од мечот Романците имаа неколку добри прилики, но Мартин Дубравка успеа да ја сочува својата мрежа. Покрај Словачка и Романија, од групата „Е“ ќе продолжи и Белгија, додека Украина натпреварувањето врз основа на гол разликата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот