ВИДЕО | Скандалозно однесување на српски рапер: Ги тепаше обожавателите со патика по глава на концерт

Фото: Скриншот/ТикТок

Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, важи за едно од најконтроверзните имиња на регионалната музичка сцена.

Минатиот викенд, српскиот рапер настапи во еден од најголемите ноќни клубови во хрватскиот град Опатија и повторно шокираше со своето скандалозно однесување за време на концертот.

Раперот е познат по тоа што фрла валкани чорапи по публиката и ги удира со патики по глава, а овој тренд го продолжи и на овој концерт.

@fiuman.hr #opatija #desingerica ♬ original sound – Fiuman.hr

Неговиот настап предизвика жестока дебата на социјалните медиуми и стана главна тема на новинарските написи во регионот. Исто така, многумина го имаат ставот дека изведувачите на турбо фолк музика (и слични музички жанрови) треба да бидат забранети во Опатија.

„Секое време си има свое, но ова е ужасно“, „Грозно“, „Господе Боже, што е ова?“, се дел од коментарите на социјалните медиуми.

@fiuman.hr #opatija #desingerica ♬ original sound – Fiuman.hr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот