ВИДЕО | Сирени ечат и во Ерусалим, ракети истрелани од Либан паѓаат околу градот

Сирените за воздушен напад се огласија вечерва во Ерусалим, а цел на ракетен напад од Либан се еврејските населби на периферијата на градот, јавуваат медиумите.

Цели предградија се без струја откако биле погодени со балистичките ракети, а постојано се слушаат нови експлозии. На социјалните мрежи се објавени снимки од нападот:

Израелската војска потврди дека нападот доаѓа од „лансирање од Либан кон израелска територија“.

Според последните информации, погоден е хотелот „St. George“ во израелска населба во непосредна близина на Ерусалим.

Војната меѓу Израел и Хезболах ескалираше по денешниот израелски напад врз Бејрут, во кој беше убиен долгогодишниот водач на Хезболах, Хасан Насрала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот