ВИДЕО | Синер разочаран и изненаден од жалбата на ВАДА

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Светската допинг агенција (ВАДА) денеска објави дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во која ќе побара двегодишна суспензија за Јаник Синер.

Синер ќе потсетиме беше позитивен на допигн тест на Индијан Велс, но целата вина во тој случај се префрли на неговите физиотерапевти, па Италијанецотп омина без суспензија.

По најавената жалба на ВАДА, Синер се огласи и со своја изјава во јавноста.

„Не можеме да ги контролираме сите работи, нели? Секако дека сум разочаран и изненаден од таа жалба и да бидам искрен имавме три сослушувања и сите завршија позитивно за мене. Не го очекував. Неколку дена знаев дека тие ќе се жалат, а денеска се доби официјална потврда“, изјави Синер.

Во својата жалба од ВАДА бараат суспензија од една до две години за италијанскиот тенисер.

Случајот со Синер не е затворен: Италијанецот може да биде суспендиран и до две години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот