ВИДЕО: Силно невреме во Битола, улиците се под вода

Фото: Бабам Битола / принтскрин

Кусо, но силно невреме со пороен дожд и грмотевици попладнево ја зафати Битола. Дел од улиците во градот се целосно под вода. Граѓаните се револтирани и велат дека затнатите шахти придонеле да се поплават улиците, а со тоа и дел од нивните дворови и подруми.

Градоначалникот Тони Коњановски за попладнево свика седница на општинскиот кризен штаб.

„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот