ВИДЕО | „Што не е во ред со тебе?“: Кејт Бекинсејл го покажа голиот задник преку прозорец

Фото: Скриншот/Инстаграм

Британската актерка Кејт Бекинсејл (50) покажа како се справува со тагата откако нејзината мачка Клајв угина минатата година.

Филмската ѕвезда објави видео, снимено од другарка ѝ Нина Кејт, со кое покажа како го поминуваат времето заедно. Во еден момент, Бекинсејл ги соблече панталоните и го наведна голиот задник кон прозорецот, со што на минувачите им овозможи незаборавна глетка.

„Ова е еден ден откако Клајв угина и јас добив една од најужасните вести во мојот живот. Понекогаш не можеш да направиш ништо, освен да ти дојде другарката и да ја поминете вечерта правејќи лажни повици кај луѓе и да го покажувате голиот задник преку прозорец кон трговскиот центар ‘Харви Нилс’. Понекогаш, кога тлото ќе ви се отвори под нозе, единствениот одговор по долгото плачење е – вашиот задник. Нина Кејт, никогаш нема да заборавам како се бореше со мене“, напиша Бекинсејл на Инстаграм.

Нејзината објава наиде на поделени мислења. Многу обожаватели ја поддржаа бидејќи минува низ тешки времиња, а некои се загрижени, па дури и лути од објавата.

„Што не е во ред со неа? Па, толку ми се допаѓаше како актерка“, „Вообичаени британски активности“, „Ма, ајде Кејт – прибери се“, „Зарем ова е начинот да се тагува по мачка? Со ваква објава?“, „Ве молам, некој нека ѝ помогне. Зарем нема семејство?“, „Кејт допре ново ново дно. Ова воопшто не е елегантно“, се дел од коментарите на Инстаграм.

ФОТО | Позната британска актерка итно хоспитализирана: Со солзи во очите ја сподели веста од болничкиот кревет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот