ВИДЕО: Шпанија убедливо ја совлада Грузија и закажа четвртфинале против Германија

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Шпанија ја совладаа Грузија со резултат 4:1 во осминафиналето на Европското првенство.

Гледавме интересно прво полувреме, Шпанија доминираше во шансите, а фантастично бранеше голманот на Грузија, Мамадаршвили.

Грузијците дојдоа до изненадувачко водство по еден од ретките напади во 18 минута, со автогол по несмасната реакција на Ле Норман.

Сепак, Црвената фурија успеа да израмни со голот на Родриго по ударот од работ на шеснаесетникот во 39 минута.

Во вториот дел Шпанија ја оправда фаворитската улога, стекна предност со голот на Фабијан Руиз во 52 минута.

Третиот гол кој го реши прашањето на победникот го постигна Нико Вилијамс во 75 минута со вистинска мајсторија. Точка на овој натпревар стави Дани Олмо со гол во 83 минута.

Шпанија во големото дерби во четвртфиналната фаза на ЕП ќе се сретне со домаќинот Германија на 5 јули во Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот