ВИДЕО | Шпанија прв полуфиналист на ЕП, крај на надежите за европска титула на домаќинот

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Репрезентација на Шпанија по продолженија славеше со 2:1 и го елиминираше домаќинот од Европското првенство.

Првото полувреме од натпреварот донесе мирна игра без многу прилики за гол со тоа што Шпанија имаше нешто поголема иницијатива.

Ситуацијата се промени во вториот дел кога Шпанија дојде прва до водство. Шпанците по само седум минути игра во вториот дел дојдоа до предност откако Ламин Јамал одлично го пронајде Дани Олмо кој ја смести топката во мрежата.

Од тој момент Германија тргна офанзивно и создаваше шанси пред голот Унаи Симон. Фулкруг ја погоди и стативата, Хаверц се обиде да го лобува…Таквата игра им се исплатеше во 89. минута кога Вирц успеа да ја смести топката во мрежата за 1:1.

Во тие неколку минути Германија имаше прилики да направи и целосен пресврт, меѓутоа се замина во продолженија. На семафорот во продолженијата 1:1 стоеше се до 119. минута кога стрелецот Олмо сега му асистираше на Мерино за 2:1 и голема победа на Шпанија

Во полуфиналето Шпанија ќе игра против подобриот од вечерашниот натпревар помеѓу Португалија и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот