ВИДЕО | Селена Гомез интимно танцуваше со колега на концерт: Дали е ова е црвено знаменце?

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Селена Гомез и нејзините пријатели уживаа во ноќното излегување на концертот на Сабрина Карпентер во Медисон Сквер Гарден во неделата навечер во Њујорк. На Селена ѝ се придружија колегите од филмот „Емилија Перез“, а посебно внимание привлече танцот на Селена со Едгар Рамирез.

Во видеото објавено на ТикТок, Селена се гледа како танцува на песната „Еспресо“, а во еден момент ѝ се придружува и Едгар, а потоа продолжуваат да танцуваат заедно. Многумина во коментарите истакнаа дека Селена и Едгар изгледаат премногу интимно и дека целата ситуација е малку несоодветна.

@eviemayhx #fyp #selenagomez ♬ original sound – eviemayhx

„Збунет сум, мислев дека е во врска со Бени Бланко“, „Според мене ова е црвено знаменце“, „Замислете Бени да танцува вака со друга девојка“, „Изгледаат премногу блиски“, се само некои на коментарите.

Селена, исто така, сподели видео од себе како танцува на песната „Juno“ на Инстаграм порано вечерта, означувајќи го дечкото Бени Бланко во натписот, а тој ја коментираше нејзината објава.

Да потсетиме, Селена на почетокот на август ги подгреа гласините за нејзината свршувачка со момчето Бени Бланко, кога објави фотографија на која заедно позираат пред огледало, а на прстот стави емотикон со срце.

Сепак, пејачката и нејзиното момче сѐ уште официјално не ја потврдиле веста за свршувачката или за можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да започне брак и семејство со Селена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот