ВИДЕО | Се излеа Дунав во Србија, силниот ветер корнеше дрвја

Реката Дунав денеска се излеа во српскиот град Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, каде невремето придружено со силен ветер корнеше дрвја и оштети покриви. На целиот север од земјата е забележан значителен пад на температурата и се предвидува продолжено невреме со силен дожд и грмежи.

Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но во потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина, како и во јужните и источните делови на земјата.

На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на себеси и својот имот од предвиденото невреме.

Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот