ВИДЕО | Се бори за живот: Познатата грчка пејачка Маринела доживеа мозочен удар на концерт

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатата грчка пејачка Маринела (86) се бори за живот откако синоќа за време на концертот се онесвести на сцената.

Според локалните медиуми, големата дама на грчката народна музика има мозочно крвавење и е во критична состојба.

Маринела по падот била пренесена во болница. Вознемирувачката сцена се случила веднаш по почетокот на концертот кога таа го испеала рефренот на еден од нејзините најголеми хитови „Јас и ти“.

„А ти, Боже мој, нè научи толку многу да сакаме“, гласи репликата по која Маринела се струполила на сцената.

Музичарите веднаш притрчале напомош, додека публиката немо гледала што се случува. Концертот веднаш бил прекинат. Еден од очевидците за грчките медиуми изјавил дека Маринела не изгледала добро кога застанала на сцената и дека имала изгубен поглед.

Киријаки Пападопулу, позната по уметничкото име Маринела, ја објави својата прва песна во 1957 година, а досега сними 66 албуми.

Учествувала на Евровизија во 1974 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот