ВИДЕО | Салернитана го намачи Јувентус, Влаховиќ херој на „старата дама“

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Пред само неколку дена Јувентус ја декласираше Салернитана во Купот на Италија со 6:1, но денес „старата дама“ до победата дојде многу потешко од очекуваното.

Херој на Јувентус беше српскиот напаѓач Душан Влаховиќ кој го постигна победничкиот гол во судиското продолжение. Салернитана прва дојде до водство во 39-тата минтуа и на полувреме замина со еден гол предност.

Во второто полувреме Јувентус го зголеми притисокот, а стрелецот на голот за домаќините Маџиоре во 53-тата минута заработи втор жолт картон и исклучување. Десетина минути подоцна Јувентус преку Илинг Жуниор го изедначи резултатот.

На семафорот 1:1 стоеше се до 91-та минута кога Влаховиќ со глава ја затресе мрежата за важни три бода во трката со Интер за Скудетото.

Јувентус со овие три бода се врати на два заостанување зад лидерот Интер кој вчера исто така со многу проблеми ја совлада Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот