ВИДЕО| Руските сили уништија Миг-29 во украинска воена база

Руски авион ловец МиГ-29
Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руската армија уништи борбен авион МиГ-29 во напад на украинска база во реонот на Днепар, соопшти Министерството за одбрана.

„Рускиот Искандер изврши ракетен напад врз паркингот за авиони на аеродромот Долгинцево, борбениот авион МиГ-29 на Вооружените сили на Украина, авионско оружје и воздухопловни инженерски возила се уништени“, соопшти Министерството, пренесе Тасс.

Борбениот авион како и другата опрема и возила во базата се уништени со балистичка ракета „Искандер“.

Вчера, Русија соопшти дека уништила пет борбени авиони Су-27 во воздухопловната база во близина на Миргород, на околу 150 километри од руската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот