ВИДЕО | Руски војници кои останаа без нозе добија медали: Осакатените ветерани наградени за борба со нацизмот во Украина

Осакатени руски војници во болница примија медали/Фото; Твитер

Руските државни телевизии денеска прикажаа церемонија на одликување на „ветераните на специјалната операција“, како што во Русија под притисок од затворска казна мора да се нарекува инвазијата врз Украина.

Снимката прикажува доделување на одликувања на момчиња кои седат во болнички пижами во инвалидски колички. Дел од нив се останати без нозе во руската инвазија на Украина.

 

Еден од војниците кој на оваа церемонија во московската област доби медал рече дека му е доделен за борбата притив нацизмот во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот