(ВИДЕО) Руска фабрика за барут мета на напад со дрон

Фабриката за барут Тамбов повторно беше нападната од беспилотни летала.

Руските медиуми ја објавија снимката од нападот.

Според официјални лица, два дронови биле насочени кон фабриката за барут и биле успешно соборени од системи за противвоздушна одбрана.

И покрај официјалната изјава, видеото објавено од локален жител покажува како едно од беспилотни летала ја погодува фабриката, а облаци од чад се издигнаа на местото на ударот, што веројатно укажува дека избувнал пожар.

Дополнително, на видеото се слушаат и истрели од огнено оружје.

Во моментов нема детали за тоа што точно било погодено или за последиците од нападот.

На 20 јуни 2024 година при експлозија на територијата на фабриката за барут Тамбов, загинаа четири лица.

И на почетокот на 2024 година, на 19 јануари, фабриката беше мета на напад на беспилотно летало.

Од почетокот на 2024 година, Украина почна да го проширува опсегот на своите беспилотни летала лансирани за да ги уништуваат руските воени објекти и погоните на одбранбената индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот