ВИДЕО | Ручек за малку пари! Вкусна чорба што го зајакнува имунитетот, а еден зачин ѝ дава посебен вкус

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поради топлото време, треба да јадеме полесна храна, па затоа ви препорачуваме да направите вкусна супа која лесно се прави и не чини многу.

Состојки:

– 1 главица кромид
– 1 пиперка
– 2 моркови
– 2 големи компири
– 1 ќесичка супа (инстант) од печурки
– 1 голема лажица ајвар
– мелена црвена пиперка
– сув зачин
– магдонос

Подготовка:

Кромидот, пиперките и морковите исечкајте ги во тенџере, па сите состојки заедно динстајте ги. Додадете ги црвената пиперка, сувиот зачин и компирите. Гответе 20 минути.

Сипете го инстантот во чинија, додадете една лажица ајвар и измешајте со малку млака вода. Смесата сипете ја во тенџерето, па оставете да се готви 2-3 минути.

На крај додадете го сечканиот магдонос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот