ВИДЕО | Роналдо не запира: Постигна гол и во победата на Ал Наср во азиската Лига на шампиони

Фото: AlNassr Saudi Club

Португалецот Кристијано Роналдо продолжува да игра во одлична форма во дресот на Ал Наср.

Роналдо беше стрелец во второто коло од азиската Лига на шампионите каде што постигна гол против Ал Рајан.

Ал Наср во првото полувреме дојде до предност преку Садио Мане, а Роналдо во листата на стрелци се запиша на 15-тина минути пред крајот.

По овој гол на Роналдо му недостасуваат уште вкупно 96 гола од неговата голема цел да постигне 1.000 голови во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот