ВИДЕО: Рома со пресврт на Олимпико до нов триумф во Серија А

фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Во натпреварот од шестото коло на италијанското фудбалско првенство, Рома предводена од на Олимпико ја совлада Венеција со 2:1.

Ова е трет настап за Рома под водство на Јуриќ и втора победа откако тој дебитираше со 3:0 против Удинезе, а потоа забележа реми против Атлетик Билбао (1:1).

Гостите поведоа во 44 минута со голот на Похјанпал, израмни Кристанте во 75 минута, а победата на „волчицата“ ја донесе Писили во 83 минута.

Во Серија А три бода освои и екипата на Комо кој со 3:2 ја совлада Верона.

Во претходниот натпревар Торино загуби на домашен терен од Лацио со 2:3, забележувајќи го првиот пораз сезонава. В недела се среќаваат: Емполи – Фиорентина и Наполи – Монца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот