ВИДЕО | Робот-таксито на Амазон почна да се тестира на улиците низ САД

Робот-такси / Фото EPA-EFE/YONHAP

Робот-таксито на Амазон, Зукс почна да се тестира на улиците на Остин, Мајами и Сан Франциско. Робот-таксито на Зукс се Тојота хајландер кои имаат безбедносен возач и однапред одредени рути.

„Ги поставуваме основите за нашата автономна транспортна услуга во новите градови низ САД. Остин и Мајами нудат клучни можности за учење што ќе го поддржат континуираниот раст и усовршување на нашите тестирања и услуги“, рече Рон Таниел, виш директор за политика и регулативни работи во Зукс.

Компанијата објави на Фејсбук како изгледа возењето низ Вегас со нивните автономни такси, за кои велат дека се „првите роботски такси во светот“.

Зукс ги таргетира Сан Франциско и Лас Вегас како први комерцијални пазари откако започна тестирање таму во 2018 и 2019 година, соодветно. Неговото прилагодено робот-такси дебитираше на патиштата во февруари 2023 година, нудејќи превозна услуга за своите вработени во Фостер Сити, Калифорнија.

Компанијата го нарече своето последно проширување во две нови американски држави како „значаен чекор напред“.

На посветената веб-страница на Зукс се наведува дека компанијата е основана за да го направи личниот транспорт побезбеден, почист и поудобен за секого.

Во 2020 година, Зукс ги здружи силите со Амазон, зацврстувајќи ја иднината во индустријата за автономни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот