ВИДЕО | Ристески: Владата мора да ги слуша сите синдикати за да нема штрајкови

Марјан Ристески, претседател на Кофедерација на синдиклни организации
Марјан Ристески, претседател на Кофедерација на синдиклни организации / Утрински брифинг

Вчера се потпиша договор меѓу СОНК и Владата за покачување на платите во образованието. Марјан Ристески, претседател на Конфедерација на синдиклни организации, за Утрински брифинг вели дека во рамките на Конфедерацијата постои Независен синдикат за образование и нивниот став е дека СОНК требаше да издржи во штрајкот повеќе и да настапи похрабро, оти веќе 10 отсто беа договорени.

– Јавно кажувам дека не е добро протестот во образованието да се прекине за само тие 2 отсто разлика, тоа не е добро за работниците. Не би го обвинил само СОНК туку и Владата кои треба посериозно да го сфатат штрајкот. И ние сме правеле протести и сме ги повикувале нашите членови да ги поддржат протестите што ги прават другите синдикати. Работниците се единствени. Но, кај некои синдикални лидери се чувствува дека има политика и сѐ додека има политика во синдикатите тие нема да бидат како во Европа. Секоја опозиција сака да си го присвои секој штрајк, но за тоа е виновна Владата која ги турка синдикатите во прегратки на опозицијата, вели Ристески.

Тој вели дека главниот проблем настанал кога се зголеми минималната плата. Преговорите ги водеше ССМ и минималната плата беше предизборно ветување што се исполни по изборите, вели Ристески.

– Требаше заеднички сите синдикати да учествуваат во преговорите и да се договори начинот на кој потоа ќе се зголемуваат другите плати по сектори, додава тој.

Ставот на Конфедерацијата е да учествуваат во заеднички акции, но кога ќе почувствуваат дека има политика, дека нешто не е како што треба се договараат како ќе постапат.

– Треба да има реален социјален дијалог со Владата со сите синдикати, а не само со репрезентативен. Ако Владата нѐ остави самите да се организираме, ние се организираме вака на штрајкови и протести затоа што работниците се незадоволни, вели Ристески пред утрешниот штрајк на вработените во Управата за водење матични книги.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот