ВИДЕО | Репрезентативец на Англија пред осминафиналето паднал од велосипед, можел сериозно да се повреди

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Репрезентативецот на Англија, Ентони Гордон заработил повреда во слободниот ден на Европското првенство откако паднал од велосипед, но за среќа таа нема биде причина да го пропушти осминафиналето.

Во првиот слободен дел од почетокот на Европското првенство, Гордон со уште неколку репрезентативци возел велосипед кога паднал во близина на кампот на репрезентацијата.

Тоа возење ќе го памети по падот од кој заработил исекотини на рацете и брадата. Неговата повреда ја забележаа и новинарите, а како се случила откри неговиот соиграч Марк Гуехи.

„Падна од велосипед. Момците излегоа да возат точак, јас не бев таму. Ми кажаа кога се вратија, разговарав со Ентонио и не го забележав во прв момент. Кога се сврте видов голема рана на неговата брада, но во ред е, добар е“, изјави Гуехи.

Во осминафиналето утре Англија ја чека натпревар против Словачка во терминот од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот